Tombstone blues

                Од пронаоѓањето на пирамидите во Босна, па се до најголемиот генерал на сите времиња, Хрватскиот znanstvenik Николиќ се користи со пар методи и техники, креирајќи совршен методолошки пристап за кој може да му подзавидат плејада научници и автори за кои во денешниов научен свет, и општа литературна перцепција, нема доволно место. Фасцинантноста во неговиот методолошки пристап се состои во едноставноста и досетливоста, натопена во бескрајните можности на технологијата, како google (Earth) на пример. И оттука, може да се изведе заклучокот дека алатка како google Earth, покрај онаа основната, аеропланско – воајерска, има примена во било која наука: географија, историја, социологија, хемија, физика, па дури и за ЗПО од трето одделение (не знам дали уште постои тој предмет). Значи, за многу науки и научни единици. Освен, очигледно, за логиката.

               Е сега кога логиката изостанува, на ред е истата да се „направи“ од ништо. Обичен, профан никулец од каде што директно, без логично стебло, ќе извираат дебели цврсти гранки. На тие гранки, подоцна ќе можат да бидат спружани (ко алишта за перење) разно – разни идеи, кои ќе имаат голема примена. Онака, создавајќи нелогичен свет. Каде што, по логика, нелогичностите ќе бидат единствена вистина.

Е сега, како се доаѓа до тие гранки на науката? Упорност и макотрпност. Еве како еден научник кој наоѓа пирамиди кај Игман, приоѓа на мистиката, на незнаењето, на историјата, на светот воопшто:

                 Задолжително користење на google Earth, со солиден mouse, на кој безгрижно ќе може да се скрола по 510 милиони километри големата небесна топка за која до пред 6 века сметаа дека е плоча. Штета што тогаш немале google earth, ќе спасеа луѓе ко Џордано Бруно од канџите на Инквизицијата. Добриот „глушец“ мора да лежи на добар mouse pad: препорачливо е, доколку сакате да бидете на рамниште на ваков хрватски znanstvenik, како маус пад да имате книга од значаен автор кој денес никој не го чита – од проста причина оти е доволно добар. Па така, како маус пад може да користи било која странска историска литература, некоја филозофска книга или списание, и сл. За подобро да оди истрагата на google earth се препорачува стручна литература каде што тврдењата се поткрепени со силни и издржани аргументи и голем број на релевантни извори.

Така, уз кафица, на private tab (додека google earth си стои) си листаш некои дневни on line весници, со надеж да се изјанде некоја бомбастична вест со предзнак ФОТО: или ВИДЕО:, со клучен збор: ШОКАНТНО. Кога веќе гледаш колку е тоа забавно, убаво и фасцинантно, одлучуваш да се усмериш кон таа научно – наставна целина: да направиш научна статија која во предзнакот ќе ги има токму тие бомбастични приврзоци. Следен чекор: Unsolved mysteries.
Инспириран од емисијата каде што, исто така, бомбастично се најавуваат нерешени мистерии кои на фасцинантен начин, вклучувајќи мултизаплети, се решаваат. Па бидејќи на камера изгледа толку лесно, одбираш нешто покомплицирано. На пример: како да решиш мистерија која е мистерија само за луѓе кои не прочитале ништо од Зоки Поки навака? Такви има неколку: Кој е главен град на Филипини; дали Фидел Кастро навивал за Барса, а Че Гевара за Реал Мадрид; зошто комунистите од Источна Германија беа подобри во спорт без топка од нивните капиталистички браќа од Запад, кои владееа со топката; и каде се наоѓа гробот на Египетскиот фараон Александар III?
Додека трае научното „хмммм“ – се префрлаш на google Earth и шараш по редослед на асоцијации. На што те асоцира Александар трети?

               На многу работи: најмногу на Колин Фарел. Понатаму, може и на Македонија, оти по некои специфични ситуации, повеќе ти одговара страната дека тој е Македонец. Останатото, е историја. Сега, и во буквална смисла.
Скролаш кон Македонија. Во меѓувреме, на уште еден private tab гуглаш за нашава држава, да осознаеш нешто повеќе. И дознаваш дека темата која ја истражуваш е главна тема за дискусии и разговори: од 7 до 77, од слаткарница до Собрание. Супер.
Ја исклучуваш логиката. Доколку си читал некаква историја, било каква, и воопшто, ако имаш нешто читано, бар за момент се обидуваш (и успеваш) да го заборавиш. Така, единствена варијанта за можната локација за вечниот дом на големиот владател е Македонија. Ги исполнува сите услови.
Следен чекор: бараш локација. Некоја која не е толку fancy, ко Охрид, или Скопје на пример. И Гевгелија не е препорачлива: многу грци има по тоа коцкарниците. Дур скролаш, ти закучува маусот на специфично место. Свети Николе. Топ. Името ме потсеќа на Дедо Мраз. Плус, родно место на Лазаров Кире. Плус шпекулираа нешто за нафта, ова она. Супер – ги исполнува критериумите на новата логика.
Излегуваш во медиуми со теза дека таму е закопан Александар. Тезата ја поткрепуваш со google earth наоди.

Znanstvenik си.

Понатаму, наоѓаш научни истомисленици, кои вршат слични истражувања. Истите се од домашен вид. Домицилни znanstvenici.

Пирамиди во Босна, а Александар почива во Македонија. Кралот кој ја сруши Персија, и уживаше во месопотамскиот рај, без око да му трепне за денешна Македонија. Тој може да бил закопан на било кое место во големото царство во Азија и Африка. Но, зошто тоа да не биде Македонија?

Македонија и Босна. Две држави чие население обожава да се храни со бурек и небулози.

Несфатените #1

            Немирите во „културната“ Европа станаа секојдневие и секојноќие, а измеѓу нив се испреплетени и грижите на модерниот човек на истата таа „културна“ Европа за правата на несфатените, односно на оние кои долги години биле опресирани од уназадените општества, и кои си ги бараат своите легитимни хомосексуални права. Откако ги добија сите гратис права и крива низ историјата во … токму тие држави од „културна Европа“ и сите „културни“ ентитети каде што се зборува Англискиот јазик, или уште покомпатибилниот и „несфатен“ во случајот, Шпански, побараа други права, трети, четврти, петти. На крај ќе испадне, дека никогаш не добиле ништо, додека се борат за некакви „права“.

Да се вратам на случајот, пред да бидам етикетиран по сите тертипи на либералниот фашизам (во една од минатите прилики пишував за сите ситуации кои ги создава тој „вид на фашизам“).

Франција е една од државите која гарантира хомосексуални заедници. Добро, тоа и во програмата на „вредниот“ Претседател Оланд беше напоменато. Тоа и го добија, after all. Грубо ќе биде ако искажам дека и тоа не ни треба да не чуди, кога ќе ни текне каков народ е Францускиот (нели), меѓутоа таквата одлука не  помина без ништо, односно, на мое големо (позитивно) изненадување, беше остро спротиставена од илјадници – илјадници Французи кои излегоа низ улиците  на првата република и на различни начини (некои преминаа и во насилство) го искажаа своето незадоволство од новите „здобиени права“ на несфатените Французи. Но, сето тоа помина, а оној, културниот свет, ја поздрави одлуката на Франција да поклони еден тон права на несфатените. Така, Франција се приклучи на несфатениот клуб во кој членуваат огромен број на западноевропски либерални земји како: Норвешка, Данска, Белгија, Холандија (нормално, нели?), Исланд, Португалија, Шпанија (нормално), како и некои од државите низ светот како: Уругвај, Канада, ЈАР, Бразил. САД сеуште се резервирани во поглед на либералноста, и само неколку федерални делови на најголемата светска империја имаат доделени несфатени права. Многу останати, како Тексас на пример, тешко дека некогаш ќе се „либерализираат“ до толку.

            Нема да разглобувам која е суштината на борбата за нивните права, оти во таков контекст и погоре кажав. Права во наводници. На крај, останаа нивните заедници и правата да посвојат дете. Нема потреба да подлежат на некој значаен коментар, освен дека и двете не се „скратени“ права, туку се гратис. И тие, како хетеосексуалците, имаат право да основаат заедница, со партнер од спротивен пол. Се друго е гратис. И, крај краева, тие беа оние најгласните, на кои државата ништо не им можеше, кои не веруваа во потпис и хартија, дека нивната „љубов е поголема од тоа мастило“. Но, нивната хипокризија не познава граници I guess.

За посвојувањетоо на деца, штом се работи за деца, поарно да не се зафаќа општеството со таква груба лотарија (како ќе влијае тоа на животот на детето). Но, сето тоа го „добиваат“ и ќе го добијат, оти се работи за најсилно светско лоби. Во тек од три децении успеаа да променат учебници, скрипти и размислувања. А што ќе биде во следните триесет? Какви ли напредни идеи“ ќе всадат во општеството. А како лобираат?

Преку либералите, кои како најзначајни доброволци се јавуваат. Тие се главна точка за ширење на „модерни идеи“. Па ги гледаш несфатените по филмови (токму еден таков филм кој доби некаква си награда ме натера да напишам некоја буква за несфатените),  реклами, билборди, во променетите дефиниции, и во било која аудио- визуелна и печатена форма за менување на “заостанатото“ мнение. Е, тоа е. Тоа се прокламира во друштвото на несфатени, напредни земји.

Во ова друштво, нема исламски земји, ниту (поранешни) социјалистички/комунистички земји. Ова го констатирам само за да поттикнам некое разлислување – во што е проблемот и процесот кога се работи за „правата“ на хомосексуалците. Факт е дека проблемот, или појасно кажано, појавата е се поголем и позначаен општествен процес и проблем, кој ја заокружува скоро секоја можна точка на нашето секојдневие. А, кога сме кај нашето, ми текна и на буквално нашето. Република Македонија и несфатените. Well…

Eм сме поранешна социјалистичка, емсме proto исламска земја. Меѓутоа, во комбинација со население кое се идентификува како „беверлихилско“ и со напредни сфаќања. Ко за компарација, како што Енвер Хоџа беше поголем Сталинист од Сталин и поголем Маоист од Мао, така и најголем дел од нашава изглобализирана младина е полиберална од било кој несфатен либерал кој во моментов пие чај во некоја градина близу патеката на славните во ЕЛЕЈ.

Ај што сме класичен пример за „попара“ во поглед на етничко – религиозно и културно шаренило, ами кога на сето тоа ќе се придодаде и либерализмот, кој со вестернизацијата прерасна во либерален фашизам за кој сум зборувал и претходно, тогаш што добиваме? Равенка со катаљон непознати, веројатно.

            Пред некое време, официјални ставови потекнаа од Владата на РМ дека во поглед на геј заедниците, ќе си остане статус кво ситуацијата. Од скоро сите аспекти, потег за поздрав. И може тоа е единствената работа од која европјаните можат да учат од нас. Меѓутоа, и тука сме маргинални – ако тој проблем кај нас не е толку изразен и е накубичен од либералите кои се грижат за проблемите на несфатените во Западна Европа, тогаш тој проблем (во наводници може да се стави) е многу поголем во тие културни (пак наводници) општества, кои воопшто не се замараат со нас. Што значи, ако од корен се смени ситуацијата „надвор“ тогаш ќе не сменат и нас тука, за да не биде токму тоа поставено како „рачка“ со геополитички размери, нели. А чим почна да се „менува“ ситуцијата во земји како Франција, и веќе е во тек на менување во Обединетото Кралство, тогаш да почекаме да видиме, дали ќе се состави некоја железна завеса, овојпат делејќи ја Европа, не по хегемонија распрскана од социјалисти и капиталисти по Втора светска војна, ами по „либерализам“ и „хомофобизам“ (уште една алатка на либералниот фашизам)“.

            И на крај, како друг почеток – grande Islam!

Што има да „каже“ брзорастечкиот ислам во земјите каде што „рајата е културна“ и несфатена? Некако, се поклопуваат работите – од една старна, Европа се исламизира, а од друга страна, се повеќе станува либерална. Е, тоа, не се меша. Освен во последно време, во времево на демонстрации и револуции во Западна Европа, каде што се спомнуваат и џамии, и хипстери и несфатени и пензионери. All together now.

 

           

THE END

          Само што ме пуштија од лудата „бела куќа“. Моите моментални грижи се конструирани само од една мисла: дали да го чекам трамвајот, или полека да си зафатам накај дома. Втората опција ми ја препорачаа и овие, со медицинската диплома.

      А тој главниот, пред малку, што го стави последниот потпис на мојата отпусница, како да ми се ситеше. Ме праша дали шах знам да играм. Знам, му велам, знам. Го осетив доволниот нагон за зафрканција во неговиот тон. Ми рече дека ќе тој е единствениот спорт за мене, после повредата.

           Го повредив коленото пред два месеци. Паднав по скали, носејќи вреќи цемент, кога ја билдавме новата зграда накај центарот од градот. Болката од ударот ја заборавив, потврдувајќи си ја сам својата теорија дека ние (или вие) луѓето, имаме (или имате) кратка меморија. How soon we forget. Ако не заборавав, ако ја памтев болката, немаше да влезам во конфронтација со the doctor, откако ја перцепирав неговата (не)вкусна шега на моја сметка. Шах да сум играл, аха! Ти играј си доктор, му реков, и излегов надвор, трескајќи му ја вратата.

            И затоа одлучив да си одам накај дома пешки. Од инает. Улиците беа мокри и валкани. Останав касно ноќеска, читав глупости, и памтам дека истураше, некаде до три – три и пол сабајле.

            Улициве во нашиот мил и драг Лидс се долги и недогледни. Ај што се бучни и валкани, па и како сега водени, па уште нивната должина создава одбивност за секоја варијанта за било каква – исфорсирана прошетка. Освен онаа, од инает. Ко мојата. По пат застанав до еден киоск, зедов една новина. Не секогаш земав новини во среда, ама ете, сега се погоди да имам некоја ситна паричка, па додека урла низ џебовиве пробувајќи истите да ги сецесионира, бар да ги потрошам. На весник, иако знам дека ништо полезно, а и ништо точно нема да најдам внатре. Имав анвика да го листам весникот, од назад кон главната страница. Со тоа, почнувајќи го спортот. А на галвната задна страница, уредникот малку нервозно забележал дека Јунајтед наш пак не го бива, а еве го, 15 мај, и сезоната завршува. Вели „Астон Вила паѓа, Ливерпул се издигнува, и веројатно тој ќе биде првак во првата англиска дивизија во оваа 1981/1982 сезона, но тоа, за нас, кои чмаеме и траеме на Еланд Роуд, баш ни е гајле“. Кул приказна, а бидејќи живеев во Лидс, бар привремено, нејќев да ја коментирам јавно, иако околу киосков имаше бар 10тина луѓе кои ја читаа истата приказна ко мене. Фудбалска треска, пар екселанс.

            Понатаму вестите беа се, освен вести, а весникот беше се, освен новина; од 50 страници, на 48 ја имаше оваа госпоѓава што сега ни е лидер. Па ми падна жал и криво што ги лупнав ситнуриите за таа хартија. Не се сеќавам дали навистина се нажалив за погрешната инвестиција од моите анахристички побуди и моите погледи за маките на рабтничката класа; или само глумев пред самиот себе си одреден вид на лудило. Нејсе, со весникот во рака, продолжив понатаму. Почна да врне: ексик реков, пуста останала и клима англиска.

            Размислував дали да забрзам темпо, па да стигнам дома делумно накиснат, или пак, да свратам до леарницата, кај што работи стариот мој; ем ќе го позамарам малку, па и плус ќе ме одмине дождов. Ај, си реков, ќе купам и по некое пиво, па може ќе го зафатам за пауза.

            Размислував за тоа како пивото и го одзедоа на работничката класа. Со еден мој пријател, Малколм од Ипсвич, редовно го пиевме, кај стариот даб, блиску „пченкарницата“. Тој студираше Германски на Универзитетов кај нас, а јас се запознав по анархистичко – панкерска линија. Од тогаш, па навака, дискутираме за се и сешто, согледувајќи се како основа за промени, и за поарно утре. Да не звучам ко парламентарец, не дај боже. Го брендираа пивото, и ја научија буржоазијата да го сака, да го знаат. И сега, нас, working class, ни остана само водата, да ни ја гасе жедта. Нејсе, пазарив две лимени, и отидов пред фабриката.

            Вратарот не ме пушти да влезам. Вели, не смее да се внесе алкохол во фабриката. Се расправавме неколку минути и на крај, ме пушти. Ама без пивата. Ги испив на брзинка и двете, создавајќи втора лоша инвестиција за денес; скапи пари за непотребни работи. Влегов внатре. Само што влегов, преврна. Но, и онака дојдов, да видам што прави стариот работник што ни носи леб на маса.

            Го начекав, во долните спратови, кај што светеше железото жешко. Му мафнав, а тој ми одмавна. Го разбрав знакот: ми вели, оди си, немам време. ОК; разбрав, и си отидов. Е, ова беше лоша временска инвестиција. Една од низата на лоши одлуки за денес.

Продолжив по мокрите улици. Ме фати гужва на втората раскрсница, оти се судриле две коли, па беше блокирана едната лента. Размислував. Каква мака има класата работничка these days. Па и оваа, од кога дојде на власт, на полошо тргна работава, не на поарно. Не можам да сфатам, си велам, не можам да разберам, како некои луѓе не гледаат како ги експлоатираат, како ги мачат, ги форсираат, ги загорчуваат нивните животи, а тие се послушни. На својата држава, на својата татковина, на својата власт. Едноставно, не можам.

            Константно одговарам на прашања за и околу државата. Јас ги одговарам со анархијата, со свеста висока, со отфрлање на надредените. Но, гледајќи се наоколу, тешко дека некој разбира.

            Работејќи во градежничкава компанија, научив многу работи. Ми набилдаа искуства, ме натераа да размислам. Не ги напуштив студиите на Универзитетов, меѓутоа добив и втори, оние кои вредат многу повеќе од десет книги. Оние, со дупната чизма. Но, поентата беше дека заборавив зошто ја преферирам анархијата, а ја мразам државата. Правев некои корелации со самиот себе си, дискутирав и анализирав. Како да го делам народот, на раси, класи, касти. Оти, ако не го делам, го еднаквам со држава. А, државата, е непожелна, груба, непотребна.

Премногу поделби, премногу дефиниции, премногу зошто, премалку затоа. Ексик и Прудон, и Кропотник и компанија.

Ми текна на Ротен, на Страмер. Страмер имаше вчера концерт во Бирмингем. Ротен, се смени. Нешто го смени. Ама се сеќавам, не беше одамна. Е, мој Џон… дали и ти размислуваше вака.

            Влегов во трговскиот центар, без конзумеристичка умисла, ами со стратегија која носеше безбедност ако заврне, и можност за тепање време, ако нејќе да преврне. Поминував низ него.

Гледав наоколу, составував некои социолошки аспекти. Се интересирав, небаре бев со детективски пристап. Што прават луѓето, што ли чинат. И пак, нафрлав некои мисли, што чини, а што не во државата. И на крај, дека пак, не ни треба да постои државата.

            Собирав неправди, кривици и несогласувања. Јас ги сместував во една папка. Ама пак, сакав да одбегнам дека самиот човек си е крив, те за системи, те за неправдиње. А кога бев за системите, во оваа војна глобална меѓу сите „наши“ и лошите комунисти, пак не знаев што да мислам. Дали е поарно она што русите го прават; што имаат социјализам, па не плашат нас со тоа; или нашево, капитализам, кој и веќе на ништо не личи, во последниве три години. А и којзнае на што ќе личи, во текот на следните години. Пак, велам, не знам.

Не ни знам да објаснам дали и зошто човекот не е спремен да живее без држава. Без тие измислени црвени линии, без тие опресирачки системи и апаратури. Better off state, eh? Крај краева, ништо незнам. I’m just walking through the mall.

            Трговскиве центри се дом за буржоазијата наша. Како што скелињата и рудниците, и фабриките се дом за работниците, така и молот е дом за „високите„. И сите, кон крајот на денот, одат на ночевање, кое неправедно го нарекуваат дом. Ова е дом, за тие со сребрена лажица. Ова.

            Слушнав удар, силен удар. Некаде предмене, видов случка, која тенко кореспондираше со настанот. Видов девојчњ, младо и кревко, може имаше четири години. Не знам ништо повеќе, ама ги имаше ставено рачињата на своето лице. Надесно, од девојчето, одеше еден громаден човек, со неразбирлив говор на тело, консузно и несредено. Беше висок, и дебел, дезориентиран и тромав. Неколку секунди претходно, ми се причини, како во сите негови неартикулисани движења, како да направи нешто што ми го поматија умот. Тој, го удри девојчето. Се приближував кон нив. Девојчето стоеше, со двете раце на своето лице. Нејзините кафеави очи имаа зафрлен J.Rotten stare, и не знаеа што понатаму. Дали да плачат, дали не. Сеуште бурчкав низ моите мозочни виуги/ Што ли видов, што ли слушнав, што ли разбрав.

            Приближувајќи се, како да не постоеше светот околу мене. Не беше битен ниту конзумеризмот, ниту Астон Вила, ниту Јунајтед наш. Ниту фабриките, ниту инвестициите мои, а ниту државните. А ниту самата држава. Ништо. Само сакав одговор. Што ли видов, и дали видов. Движеата на громадата, веќе ја создаваа мојата сложувалка. Тој, повторно почна да се придвижува кон детенцето. Со омраза во неговите очи, небаре му згрешило нешто. Што може да ти згреши детенце. Сфатив, и јас и сите луѓе, кои претходно ги делев, по конзумеризам и аристократија. Таа, громадата, глупа и стоковидна, го удри детенцето. Детето не плачеше, оти не знаеше. Не знаеше како да реагира на тоа. Дете е, болката од ударот не се мери од … прашањето зошто?

Сите гледавме, сите се згрозивме. Во краток временски интервал, покрај единственото прашање „зошто“, јас си реков: родител ли е? Кој ли е, зошто го стори тоа? И пак… зошто.

            Стоевме ли, чекоревме ли. Што ли правевме. Што ни беше првенствената идеја. И мене, и на сите околу мене. Заборавив. Знам дека ме здоболе. Невино детенце. Не постои држава што може да зададе толку голем удар врз некоја друга, или врз народот и класата своја, како ова што го видов. My eyes just hurt my brain. Бев на близина до ништожникот, кога веќе се стрчаа неколкумина. Го смируваа девојчето, а го одведоа лудакот. Не знам што понатаму… само стоев, и само мислев. И не знам што мислев.

But I just had to look. Having read the book.

Излегов од трговскиот, и заврна. Продолжив да одам, кон дома. Веќе не беше битно. Ниту дождот, ниту грешките мои денешни.

            Анархизмот мора да умре! Потребна е држава, во било која форма, која со сета своја сила, со света своја душа ќе се бори за своите деца, од различни класи и касти, да нема аномалии и да нема кривди. За да затвора, казнува, беси и дисперзира, се што наликува на ова што го видов денес, 15 мај 1982, Leeds Yorkshire, UK.

 

Е моја државо, експлоатирај ме, земи ми го пивото, затвори ме во фабрика, ама не го земај детството на млади цветчиња.

 

Анархизмот мора да умре.

Корејското прашање #2 (превентива)

      Во претходниот блог пост, го поставив Корејското прашање како реторичко, веднаш по сечењето на Боливарскиот Гордиев јазол. Од таквата увертира, до сега, ситуацијата на полуостровот ги исполни сите критериуми за да се постави и превентива.

            Работата е толку воопштена, што изгледа дека, барем на овие простори, се знае највеќе за најизолираната и антиревизионистичка земја во светот. Сега, за  релацијата меѓу Пјонгјанг и Сеул се дискутира на високо научно ниво, во главните аналитички реони низ државава: слаткарници, автобуски постојки, паркинзи, … од 7 до 77 години анализираат и зафаќаат страна. Клучните зборови во геополитичките дискусии за Корејското прашање се состојат во тиранијата и угнетениот Корејски народ кој живее северно од 38 паралела. На крајот, најчесто се завршува со „американците се сила, ќе ги збришат…“ Добро, така нека е.
            Има големата иронија во познавањето на најизолираната земја на светот и најмалкуте информации околу Народна Демократска Република Кореја. Оти, главните информации, кои рајата ги зема здраво за готово, доаѓаат од CNN и останати МАС медиумски инстанци, за кои, кога не се зборува за Кореја, всушност сите знаат дека “лажат“. И така, во НДР Кореја бил Орвеловиот кошмар, не во западните земји. Но добро…

            Поентата на овој пост не е зафаќање за социолошката рамка на нашето население, па и на глобалното, бидејќи проблемот со Кореја и неговото “решавање“ не е само на овие простори, меѓутоа има голем ефект во целиот тој проблем и почетокот на војната. Всушност, Корејската војна се води во цел свет, освен на полуостровот.

            Прво, да почнам со една воопштена претстава за двете држави, и поттикот на војната, за која се зборува дека ќе биде и трета. All over again.

            Јужна Кореја е земја која отпадна во капиталистичкиот колач веднаш по Втората светска војна. Била хранета со Маршаловиот (и многу други и слични) план, во континуираната борба против глобалното советско црвенило. Низ годините, Јужна Кореја како главен капиталистички претставник кој се наоѓа на банкината кај НР Кина и СССР + комунистичкиот брат НДР Кореја, се разви доволно, за да ја викаат на чај големите земји од Западот, кои се нарекуваат најразвиени. Да им прави друштво, и онака им е протекторат.

            Слободно речено, Сеул е американски протекторат. Иако Советскиот Сојуз падна од 15ти спрат од големата комунистичка зграда во 1990та година, Американците не ни помислија да ја олабават ситуацијата во Кореја, будно следејќи го секој чекор од северњаците. Всушност, покрај тоа што комунизмот умре без изгледи да се инкарнира повторно во догледно време, Корејскиот полуостров сеуште во плановите на Вашингтон остана како hot spot што, кога и да е, мора да се реши.

            Скратено, во Јужна Кореја имаме капитализам, кој е форсиран во секоај смисла од главните генератори на истиот систем. Посебно на воен план. Оти, да не беа америте, Ј. Кореја одамна ќе беше црвена.

            Што се случува на север? Којзнае. Впрочем, нели, сите знаат.

            Подреденост по Јуче принципи, уметност и изолационизам, шлагирани со комунизам.

            Сиромаштија има, но тоа не е продукт на наведеното претходно, туку на надворешен фактор. Не знам како тоа воопшто не успева да влезе во перцепцијата на обичен претставник на Балканска и светска раја, меѓутоа Народна Демократска Република Кореја низ годините е низ безброј ембарга на западниот свет. Односно, на цел свет.

            Замислете ги северњаците како човек во домашен притвор, само на вода, оти одбивал да го сменат каналот на телевизорот. Надополнето со светска пропаганда, ќе испадне дека тој воопшто и немал телевизор. Нејсе.

            Корејците како така крпарат, до вчера беше СССР, сега е НР Кина. Венецуела, истотака, им беше пријател, па падна. И тоа многу влијае на политиката од Пјонгјанг, оти, како што спомнав претходно, Венецуела беше Gordian knot.

            Нивното крпарење и спојување крај со крај, е надополнето со големите трошоци за наоружување и воено напредување. Па така, иако најсиромашна, Северна Кореја влегува во друштвото на најсилни воено – политички држави во светот. Рака под рака со западњаците.

            И за тоа трпат осуди од цел свет. Демек, билдаат воена сила на сиромаштија. Но, и за тоа си постои оправдување. Оти, да не беше нивното воено билдање, одамна низ Пјонгјанг ќе течеше кока – кола…

            На крајот на краиштата, комунистите од север си го бранат своето, против цел свет. Ништо чудно, само нормално.

            Северна Кореја од 2006 година е нуклеарна сила. Тоа значи дека околу Пјонгјанг се наоѓаат неколку нуклеарни парчиња кои можат да го пореметат светот кој го познаваме. Возможно е.

            Бидејќи деновиве се шират разно – разни информации за почеток на војната во Кореја, ама сите тие информации се надополнети со некои иронични и цинично – саркастични коментари кон комунистите. Односно, се создава еден бран на пропаганда за омаловажување на силата на северњаците. Навистина, и тоа е еден од начините да се стави ситуацијата под контрола, т.е. светот да заборави, односно да не знае што се’ е возможно ако продолжи 60 годишната војна на полуостровот.

            Сумирано, покрај големото незнаење на светот за вистината околу корејското прашање, се надодава и двосмислената вистина околу војната. „ќе почне, ама не ги бива тие од север; нема да почне, не ги бива тие од север“. Просто, да не знае човек што да мисли.

            Општо, едноставно е. Војната сеуште трае, од 1950та навака. Е сега, дали ќе продолжи активно и дали ќе има реплика од почетокот на војната, па дали тоа ќе се прошири и во вселената, ќе видиме, допрва. Сега, за сега, постои превентива. Оти, како што напоменав, војната во Кореја се води во сите светски слаткарници, а не на полуостровот. Па затоа, во слаткарниците треба да се спречи, не во Пјонгјанг и Сеул.

            За крај, јас не би ја омаловажил НДР Кореја на тој план. Јас дури сметам дека треба да се има претпазливост, посебно од страна на ревизионистите и капиталистите. Оти, ќе повторам, ако Венецуела беше Гордиевиот јазол, и ако полека но сигурно се збришуваат земјите кои немаат капиталистички нагласок во нивниот дом, тогаш тие што останаа, како НДР Кореја на пример, ќе почувствуваат криза и очај, а во очајни времиња се бараат очајни мерки.

            Иако „дебелкото со лоша фризура“ ви изгледа како да се шегува кога повикува на војна, сепак треба да се потсети дека, доколку тој почувствува дека „амери долазе“, и ќе „виси обесен на плоштад“, нема да се колеба да ја употреби својата нуклеарна моќ.

            Па ако треба, нуклеарките да паднат и во самата НДР Кореја. За светот и за неговата фрагилност, сеедно е, нели?

Блекбери анархизам

Хармонична хиерархија постои од „бинг бенгот“ навака, а веројатно така ќе бидат подредени работите засекогаш, и покрај вечното параклазно тежнеење на поединци за хоризонтална проекција на општествената димензија. Впрочем, барем општеството во вертикала не е природна последица на нештата, па затоа, идеите на претходно споменатите поединци, кои напати низ историјата не биле само поединци, туку претставувале сериозна бројка на луѓе што сериозно ја сфатиле работата, може да се разбере и да се продискутира како позитивна работа. Тие, таквите, кои светот го перцепирале секаков, само не како идеален и слободен, и ја давале својата енергија и младост за „исправување на работите“ кон нешто што ќе претставува благодет за секого, се нарекувале анархисти. Не случајно, бидејќи тоа им бил стремежот – се бореле за анархија, односно безавторитетна, безкласна состојба. Каде нема вертикали, поединци, сталежи, идоли и што ли уште не. Анархизмот, во секоја смисла, не само на „прв поглед“ е само позитивна работа. Меѓутоа, постојат „пар“ фактори и детерминанти кои ја влошуваат подобноста на сето ова за да биде „инсталиран“ анархизмот, па да ја доживееме анархијата.

Анархистите, низ времињата, како така одржувале накаков баланс притиснати низ разните класни општества, власти и системи. Секако, во поглед на општествено – економските каросерии, се сменало и дошло на ред се и сешто, освен тој анархизам, кој останал само на хартија. За волја на вистината, историјата евидентира и признава неколку ситуации и места, кои можат да бидат опишани со показателна „да, таму имало анархија“ реченица, меѓутоа, сето тоа било краткотрајно, незабележително, епизодно, и воопшто, се работелно за изолирани случаи кои не можеле да ја прошират својата „анархистичка вистина“ на други места, кои биле карактеризирани со секаков вид на „изам“. Дури и во поновата историја, се среќаваат анархистички ареали, како што на пример, Каталонија триесеттите години на минатиот век го уживала анархизмот, а за тоа уредно не извести господин Џорџ Орвел во Homage to Catalonia. Па дури, и ден денес, постојат места каде што вирее анархија. Таков е Чијапас (Мексико), или пак, Бугенвил, малиот ама значаен остров во Тихиот Океан, меѓутоа, како низ историјата, и ден денес анархијата од таму не може да прескокне „наваму“, од прости причини што, таквиот „изам“ не учествува во глобализацијата. Секако, МАС медиумите константно ќе не бомбардираат со бескорисни информации за некој таксист што добил 150.000.000 долари на грепка во во Њу Хавен, меѓутоа никогаш нема да ни кажат што се случува во Западна Сахара.

Да се навратиме повторно на оние, сејачите на анархизмот. Отсекогаш, тие биле оние со поинакви сфаќања, со широка перцепција, интелектуалната младина, полна со енергија и поинакви погледи. Оние што слободата ја разбирале, баш онака како што Бранимир Штулиќ ја опиша. Или како што рече Биафра: дека слободата претставува одговорност, спрема самите себе си!“. Оние кои слободата ја ставале на прв план. Така, анархистите стоеле исправено и спремно, спрема нивниот најголем и вечен непријател, односно организмот кој создавал црвени бои на географски карти. Тоа, секако, е државата. Државата како организам, и според Макиндер, а и според многу географи и теоретичари, има мал милион дефиниции, меѓутоа од аспектот на анархистите, државата не е ниту нужно зло. Ниту нешто природно и следствено, и единствена пречка кон слободата.

Како еволуирале „пречките“, еволуирале и анархистите. При поставените модерни услови, постојат и модерни визии во перцепцијата на модерните анархисти.  Денешните анархисти, стигнаа до тоа ниво што почнаа да се класифицираат, за на крај, најголем дел од нив, да ги собере во едни фини наводници.

И оние кои одбиваа да бидат селектирани и лабелирани, си поставија свои суфикси, префикси и референци. Па така, денешните анархисти, во зависност од нивното его, актуелната социјална состојба и статус, хороскопскиот знак и дали им работи лифтот во зградата можат да бидат: комуно – анархисти, анархо – капиталисти, фемино – анархисти, анархо – патриоти (се надевам дека ова е само вистина во поголем размер на шега), анархо – милитанти, анархо – анархисти, анархо – пацифисти, анархо – шовинисти, анархо – будисти, … и којзнае што ли уште не. И сите тие имаат некаков општествен проблем, некаква пречка кон достигнување на „слободата“. Секаков вид на пречки (па можеби и тие на 110 метри, ако има анархо – атлетичари), освен, она што … веројатно треба да го перцепираат како проблем.

Тие, денешните, гротото, ги уживаат сите благодети, предиспозиции, мани и предности на цивилизацијата и општеството. Она што системот им го нуди, го прифаќаат. Она што им е дадено, го чуваат. Она што им е кажано – го прават. Но, сепак, извезуваат анархизам.

Таквиот извоз (нецаринет) е наменет за странски анархистички пазар. Најчесто, анархистите, за кои веројатно е вредно да напоменам дека се составени од младата маса на студенти кои студираат на факултети кои се „продукт“ на системот, а таму студираат за понатаму да го зајакнат истиот. Работат работи кои се продукт на системот, а работат таму за да заработат и да учествуваат во истиот. Живеат во системот со надеж дека, еден ден, кога ќе се вработат, ќе основаат фамилија, кога ќе заработат за Ламборџини, кога ќе „отепаат“ еден одмор во Шпанија, ќе смогнат сили за да го урнат системот… одвнатре!

Е, таквите, во меѓувреме, ги прозиваат Палах, Ленон, Биафра, Гевара,… го цитираат Штулиќ, го глорифицираат Карајлиќ, ги споделуваат делата на Ротен на… својот блекбери уред.

Во анархистички стил, додека се допива утринското кафе, пред да се појде на работното место, ќе се оцрни капитализмот, зошто бил суров со кучињата бездомници во Арканзас. Ќе се оцрни кинеската „демократија“ бидејќи биле бескрупулозни со сериските убијци. Ќе се окарактеризираат како „нееволуирани“ сите оние кои преферираат месо, наместо јаболко, кое им било повеќе сwатко на (заборавив да ги споменам) анархо – вегетаријанците. За делфините во Јапонско море, или планктоните во Саргаско, воопшто не треба ни да се споменува. И за нив, капитализмот/било кој систем е крив. И повторно следи facebook status update, со некоја квота на Ниче, или Фројд (кои држат висока цена и меѓу анархистите, I wonder why).

Сумирано, тие се пречките. Оние, истите, кои ги перцепираат либералите (first world problems). Просто кажано, се додека нешто не те засега лично, не е проблем. А уште попросто кажано, за се што можеш да покажеш револт, без да бидеш осуден, оцрнет или дисквалификуван од некоја инстанца (која по дифолт би требало да ти биде прва на тапет за револуционерно тагирање), е вредно за „реакција“. Затоа, за „блекбери анархистите“ не се вредни работничките права на милионите робови (да, робови) во Конго, кои го живеат пеколот, за да обезбедат дијаманти, кои понатаму ќе бидат пласирани на пазарите и економиите, кои на анархистите ќе им овозможат помодерен уред за комуникација и протест против дискриминацијата на X/Y појави и процеси во W/Z место/држава.
Надвор од „лига“ е секаква појава која е сврзана со политика и геополитика, бидејќи сето тоа не било доволно вредно за расправа. И слично.

Едноставно, и тука е изгубена поентата. Зошто, како што почна целиот муабет: слободата значи одговорност спрема самите себе си. Анархијата е голема одговорност сама по себе. Затоа и таа е слобода. Денес, е тешко да си дел од системот. Тешко е да си надвор од истиот. И за двете состојби треба труд, знаење и волја. И одговорност.

Општеството не се менува со анархистички – опортунизам и моделирано критичко размислување, кое е влијаено од помодарството. Којзнае што се случило во меѓувреме, па наместо да се биде гитарист во бенд, се дошло до позиција да се биде анархист, па да се биде „на цена“.

Општеството се менува. Константно.

Нема да се смени на подобро. Нема да се смени за еден ден. Се додека не се смениме ние, самите. Така говореше Биафра.

Проевропски скептицизам

      Додека Р. Македонија се наоѓа на раскрсница меѓу изолационизам и интеграција, а црвеното светло никако да стане зелено, јавноста одвреме навреме знае да продискутира и исфилозофира зошто и како Македонија треба, а и не треба да го чека жолтото светло на тие семафори. Секако, тоа се случува додека другите држави си направија кружен тек.

            Да се европеизираме или не? Прашањето е… за после!

      Во крајности одат одлуките и размислувањата на Македонците дали треба да пристапиме во Европската Унија. А воопшто, пред да се установи дали треба да се оди во Европа, се поставуваат и основните тези дали Македонија воопшто ќе има шанса за таква интегративна патека. Како прилог на таквите разговори, следат и про – контра НАТО полемиките кои се филувани со „ако не си во НАТО, готов си“ и „ќе се распадне НАТО, кај и да е“.

      Да, на ова поднебје, час си „за“ Еу, час си непријател на Европската Унија. На паузите си евро – скептик, па се повикуваш на турското искуство (како не ги примаат).

      Лошиот дел од оваа приказна е во тоа што про-ЕУ-скептичкото непријателство се јавува на секој чекор. Од слаткарници, автобуски постојки, автобуси во вторник и петок (со обврзна споредба со поранешната „Југа“), преку жицарници, паркинци, аква паркови, ноќни клубови, фудбалски натпревари, па се до медиумски ударни термини кои располагаат со емисии и водители на истите кои сеуште немаат претстава што значи Европска Унија, а се дрзнуваат да ја рецензираат и критикуваат. Наеднаш, државните интеграции создаваат некоја патолошка појава на идеолошка подвоеност. Веројатно, и во тоа сме уникатни. Значи, зборуваме за мнозинството население кое ги населува овие 25.713 км квадратни. А ги акцентираме оние кои се на мисија да ја зачуваат интегралноста на нашата татковина, односно на специјална патриотска задача во Торонто, Чикаго, Минхен и Перт. Тие, најчесто се контра ЕУ, бидејќи имаат доста „солидно“ објаснување за работите: „исто било на Запад, не било поарно од МКД“.

      Но, тие се најмалку виновни за изградбата на таквата општествена двојбеност. Ако веќе се покажува со прст, тоа треба да бидат поголемиот дел медиумите, а најмногу квази експертските фаци и аналитичари кои не штедат мислења за и околу Евро – атлантските случувања. Доста веројатно, наменски го искривуваат мнението на широката маса кога е во прашање иднината на републиката. Но, во голема мера и самите не се свесни што прават. А тоа доаѓа од тоа што воопшто не го разбираат „случајот“. Ниту знаат што е НАТО ниту разбираат што е ЕУ. Барем не сите.

Затоа, поважно од прашањето дали можеме и дали смееме во ЕУ и НАТО е прашањето што се и кои се тие „структури“.

      А тоа е кратко и јасно. НАТО е воен сојуз на кој веќе му истече рокот, меѓутоа сеуште егзистира, покривајќи ја и воената глобализација.

      Европската Унија си го носи одговорот во името. Тоа е унија на држави, која претендира да биде унија по теркот на САД. Просто, се создава европска држава во која ќе живеат Европјани.

Дали треба да бидеме дел од НАТО? Сме, дефакто.

      Дали треба да бидеме дел од ЕУ? Зависи, од прашањето дали Република Македонија сака да биде дел од Европа. Ако има некои други интерконтинентални планови за синхронизирање (на пример со Палау, или пак со Буркина Фасо), тогаш сосема е во ред да бидеме строго против ЕУ.

      Што губиме и што добиваме со интеграциите, тоа е веќе друга фаза за размислување. Но, секако дека нема „да ни се зголемат цените за двојно, а платите ќе ни останеле исти. Секако, Македониja ќе биде дел од една нова, грандиозна творба, а ќе треба да помине период пред да се составиме со истата.

      И за крај, како во една геополитичка честитка: Европска Унија нема да се распадне, Романија не е полоша од пред влезот, и немојте да го барате спасот во Русите. Едноставен рецепт за избегнување на идеолошката подвоеност.

 

 

Пат околу Иран за 80 Фолкландски острови

Во принцип, јануари не е геополитички активен месец, или воопшто, зимата некако не е добар временски период за испрашување на црвените бои на географските атласи. Иако во модерното геополитичко конструирање на светот, границите имаат помала вредност, отколку влијанието внатре во нив, од страна. Веројатно, тоа е само доказ за геополитичкото его на неколкуте светски фактори.

            И додека трае досадниот јануари, постојат само неколку теми за разговор и неофицијална критика. Барем од наша перспектива. Измеѓу празничните честитки и невидениот конзумеризам, се впротнуваат (скоро сублиминални) пораки за ембарго на(д) Иран, или некаква форма на носталгичност во релација Аргентина  – Фолкландски острови – Велика Британија. Останатото, е само рутина. Не мора да се спомнува западниот брег, ниту дефакто состојбата на пола „држави“ во светот, ниту пак милионите луѓе кои низ пределите на поранешната белгиска колонија деноноќно работат за леб ( и евентуално чиста вода) за да обезбедат доволно ресурси за цивилизациските придобивки кои овозможуваат блекбери анархизам (за тоа, нешто подоцна). Најважни се аспектите на неоколонијалните агенси: Британија да си го задржи своето, а Американците да си го надополнат нивното. Геополитички déjà vu. All over again.

            Ситуацијата веројатно не е доволно зрела за некој гранитен коментар, преку некаква анализа. Нешто повеќе оди кон шпекулација, за да се задржи вниманието надвор од работите кои “не заслужуваат внимание, ниту пак одговор“ спомнати претходно. А бидејќи широката маса мора да биде нахранета со информации што се случува над Техеран, доволно е да се спомене медиумскиот мрак.

            Имам забележано дека тоа најмногу ги пецка луѓето. Дали во некоја земја имало медиумска слобода (веројатно мерило за демократија). Ако има, тогаш move on. Ако нема, тогаш секоја акција која сноси томахавк – последици, односно демократија преточена во воздух – земја проектили, се далеку од оправдани. Онака, лежено и без преседан. Имаш групација на граѓани од старосна категорија 18 – 99 која низ чаша пиво/вино/ракија/чај/уште ракија ке го прокоментира настанот како „па кој им беше крив, што имаат диктатура“ или „абе јаки се, кој им може“. Веројатно и тоа е некакво релевантно мерило за социјална/економска/геополитичка правда. Но, ако одиме според начелата на либералите „ги оправдувам ако се далеку од мене“, тогаш се е во ред. Не мора емипирска „поддршка“ на анализите. Доволно е чашката.

Зборувајќи за Иран и за персиската демократија, очекувајќи скора (тоа скоро може да биде и во децениско мерило изразено) интервенција by any means од западните демократи. Всушност, тоа постојано се случува. Ете, како што известуваат медиумите all over the world, Иран се соочува со нови санкции кои требало да му ја уништат економијата, а тоа требало да предизвика внатрешни (р)еволуции. И тоа требало да ја промени тИРАНиската структура на Иран.

Па дури и тоа наоѓа одобрување кај просечен „аналитичар“. Да ги земам пример нашите два милиони аналитичари, односно ако се земем мнението на Македонците, се добива заклучок дека Американците згрешиле што воопшто не интервенирале во Иран, и дека „што порано, тоа поарно“ би било.

 Тие, просечните Македонци (каков и да е тој „просек“) треба да знаат како изгледа која некој ти става санкции за да издејствува некаква промена внатре. Но, што би рекле Lynyrd Skynyrd: How soon we forget.

            Такво е и генералното мнение, но најинтересно е домицилното, бидејќи од многу аспекти и прилики, ние, барем ние би трело да сме свесни како изгледа структурата на светот воопшто, и подобро да ги разбираме работите. Но, некако не е така. Додека во Р. Македонија се очекува „стрелба“ кон Техеран, што би овозможила филмска атмосфера. Иако коментаров замина кон социолошко испитување на „домашното опкружување“, сепак е вредно да се стори таква релација. Бидејќи, реално гледано, денес Иран „страда“ најмногу од медиумската поткрепа на надворешните сили. Кои, веројатно не се доволно силни да пристапат кон употреба на нивната „сила“ наеднаш. Можеби е тоа заради тоа што Иран не е Ирак? Или, нешто друго е во прашање?

            И уште една интересна тема. Фолкландските острови! Дали Аргентина е во право за тоа што ги бара „назад“, или Британците смеат да си ги чуваат како колонијален посед? Отвора голема дилема. Доколку не се знае историјата. Барем онаа, колонијалната. Ако се знае, секој прашалник е тргнат. Фолкландските острови можеби не треба да и бидат „доделени“ на Аргентина, но сигурно не се вечен посед на „оние што примија гол со рака од Аргентинецот Марадона на светското првенство во фудбал пред две и нешто децении“ (геополитичко – фудбалска правда in force).

            Ако и тука медиумите пристапат кон моделирањето на „кој е во право“, тогаш Фолкланд може да биде доделен и на Зимбабве, тоа не е спорно. Спорно е зошто Британците, и после сите деколонијални процеси, се распослани на „мал милион“ позиции ширум планетата. Политичката поговорка дека „Сонцето не заоѓа над британската империја“ е сеуште во полна сила. Иако, доста иронично, кога се зборува за Сонце, некако Британците (Англичаните, Шкотите, Велшаните и сите останати, вклучувајќи ги и Ирците, кои наеднаш биле северни), малку се запознаени со оваа астрономска појава. За разлика од дождот, for example.

Шегата настрана, мислам дека прашањето отколку Фолкландските острови треба да биде решено што поскоро. Иако, веројатно, нема. Аргентина во споредба со Британија (а со тоа и цел „демократски“ свет) е како да го споредиш ФК Миравци со FC Barcelona. Некако, одмерот не е доволно одмерен! А додека интересот за тие острови стои, и дури и се зголемува (геостратешка позиција take it’s tall, Јужна Америка се формулира како силно геополитичко тело), тешко дека Порт Стенли ќе биде променет во Буенос Дијас, на пример.

            Нашите, по ова прашање се доста резервирани, иако не одбегнуваат да напоменат дека „кај што има сила, нема правдина“. Со тоа, креирајќи невидена контрадикторност во ставовите. А, контрадикторноста, сама по себе, може да биде носител на нашето, како и на светското, демократско општество. Кое, полека, со глобализацијата, е наше и ваше!

            That’s all folks. Нека помине зимата, па веројатно ќе имаме некаква верзија на нова „пролет“, која ќе биде вредна за коментар. А овој, каков и да е, најважно е дека ги спојува главните геополитички одмери на денешницата (2013 г.) од аспект на Македонија. Па, нели, редно беше да се додели некаква политичка моќ на Македонија и Македонците. Ако не за наши прашања, тогаш за Иран. Или Фолкланд. И се останато.

Зарем не истече рокот на воениот рок?

Од геополитичка/геостратешка гледна точка, за некој да те завладее, треба прво да те разоружа. Впрочем, тоа е еден од најефективните методи за владеење над некого. Во модерните времиња, најчесто се оди на владеење преку кредитирање и создавање долгови, меѓутоа, за некои ентитети како Р. Македонија, можат да се искористат и такви методи, онака, геополитичко – носталгичарски. 
Без разлика на сето тоа, јас повторно ставам прашалник на неодамнешниот извичник дека можно е повторно да се врати воениот рок во нашата република. Таквото нешто го укинаа пред шест години, па сега некако се колебаат околу тоа. Колебливоста некако лошо испаѓа кога имаш неколебливи НАТО аспирации, меѓутоа тoа малку настрана. 
Да не испадне дека ширам ленонизам, пацифизам или било што завршува на мирољубив „изам“, само ќе кажам дека се изјаснувам како против службата во армија. Секако, онаа задолжителната.  

Ако аргументот е во смисла „ако, убаво е тоа за дисциплина и за воведување на ред кај младината“ само потсетете се кои луѓе ги направија најголемите „нереди“ низ поранешната „Југа“. 

Оние, дисциплинираните, така? Со тетоважа „ЈНА“ на подлактицата.

Како прилог, мојот „стар“ муабет во врска со воената лоботомија. 

Рецепт како (скоро секое) општество создава фигури од пластелин:

– 3 паштети од 67ма
– Боја за кондури
– Чај со бром,
– и момче од 18 до 26 години, кое ги ужива најдобрите и најкреативните години од својот живот.

Го земаме момчето и му даваме зелена униформа. Го ставаме меѓу илјадници негови врсници да живее далеку од дома за година и пол.
Неговите веќе ги убедивме дека така треба тоа да биде (како ги убедивме? пааа… не е тој прв тука, нели?)

Понатаму… секој ден ќе треба да си го мести својот кревет, да биде чист и прецизно уреден.

Момчето мора да биде чисто и избричено секој ден. Од неговите чизми, моите љубимци наречени наредници, треба да можат да се огледаат!
Секој ден ќе го станувам рано, ќе го терам да „живее на конец“. Да слуша и да ќути.
Ако ние му речеме: скокни – тој треба да го направи тоа.
При тоа…да не заборавиме! секој ден ќе треба да си го мести својот кревет, да биде чист и прецизно уреден.
Момчето мора да биде чисто и избричено секој ден. Од неговите чизми, моите љубимци наречени наредници, треба да можат да се огледаат!

Ќе му акнеме вакцина за тетанус и ќе му даваме јадења што ни прасињата не ги јадат.
И знаете, да не заборавиме! Чисто и уредно! И нормално!
ДИСЦИПЛИНА!

Ние, го спремаме момчето да биде уредно и чисто.
Утре – ден, ако има војна…

Во некоја РОВОВСКА битка каде што ќе спие со изгниени лешеви во 65 сантиметри кал, можеби нема да се сети на уредно наместениот кревет. Можеби неговите чизми нема да бидат исполирани. Можеби ќе има брада, но!

Ако ние му кажеме: Излези од ровот и оди во сигурна смрт за 11 метри почва алувијал!

Тој без колебање ќе го направи тоа.

Cause we’re out of tea!

Либерален фашизам

Модерните временски рамки и новите сфаќања кои константно се нијансирани од влијанијата кои потекнуваат од различни етно – културни супстрати, следствено носат и поинакви, современи гледишта кои застануваат спротивно на сите логични впечатоци од историјата и целиот еволутивен пат на општеството и вкупните општествени норми.

Ако фашизмот слободно се толкува како вертикална општествена конструкција за која се тврди дека создава само негативна општествена енергија и ретроградно општествено однесување, со принципи на единствен ум и разбирања проектирани на видувањата на единка, што се коси со мнението и природата на толпата, односно мнозинството, и оди контра секој продуктивен и прогресивен општествен и природен никулец, тогаш таквата слика има разнобојна спротивност, пресликана во слободата и можноста за процут на секоја мисла и енергија. Ако наспроти фашизмот, односно наспроти секое општествено однесување кое може да се стави како приврзок на таканареченото „едноумие“ и општата подреденост (во зависност од историо – географските случувања и аспекти, подреденоста била етикетирана и како социјализам, комунизам, капитализам, и скоро секое општествено уредување со нагласен „изам“, па зависно од видувањата, дури и демократијата била етикетирана како „нус појава“ и грешно сфатен и протолкуван во пракса поим), тогаш слободното општество, односно либерализмот би требало да стои наспроти сите опресирачки општествени норми, во сооднос со природата на човекот и секоја човечка вистина и слобода. Така поставено, се’ изгледа сосема едноставно и логично: наспроти општество во кое се следат изборите и сфаќањата на поединец (поединци – елита), треба да стои општество кое ќе му налага на поединецот да си го идентификува својот „микрокосмос“ во макро случувањата. И сите да бидат среќни и задоволни, доследни на нивните сфаќања, толкувања и избори. Во општество каде што ќе „цветаат рози“ и либерализмот ќе биде општа опција. Но, како што историјата ни покажала дека скоро ништо од теоријата за општествата нема своја пракса, така и „слободоумството“ зафатило поинаков пат во „слободните“ модерни времиња.

Најпрво, треба да се напомене дека светот не е хомоген и еднаков, од било кој аспект: Ниту од природно – географски, ниту од социо – економски аспект. Ниту дели иста историја, ниту ќе има заедничка иднина. Процесите предводени од глобализацијата имаат задача да ги испеглаат таквите диференцијации, меѓутоа во меѓувреме различни општествени ареали наликуваат како да не припаѓаат на истата планета која константно е под притисок на „западниот ветер“. Па така, на простор од 5.000 километри квадратни се среќаваат разни начини, навики и обичаи, издејствувани од поинаквите основи кои се темелат на национализмот и религиите, двете основни препреки за создавање на слободен ум, а преку тоа и слободен свет.

Претходно спомнатиот „западен ветер“ ја има задачата да ги пренесе општествените вредности (исклучиво) кои се карактеристика на тој модерен, западен свет. Ако земеме здраво за готово дека западот е висока вредност и резултат на долгометражните перипетии и општествени турбуленции, и здрава основа за слободно општество, тогаш доста позитивно би било дејството на тој глобализациски ветер кон останатите општества кои се во различна мерка, грубо земено, заостанати зад западните норми и сеуште се дават во опресирачките принципи на претходно споменатите општества и подредености. Всушност, таквите принципи допрва имаат задача да ги рушат сите заостанати сфаќања и појави во остатокот од светот, кон крајниот резултат – хомогенизирање на светот, она што не е оправдано од никаков здрав и разумен заклучок базиран на научни вистини од географски, социолошки, психолошки, и историски аспект. Но, тоа е проблемот на глобално ниво, а солуцијата која ќе го реши глобалниот проблем најчесто е регионална, а напати и локална.

Проблем од поголем размер се јавува во таа западна општествена конструкција која одвреме навреме ја прелива преполната чаша од либерални и слободоумни вредности. Кратко кажано, општеството кое има тенденција да биде глобално и единствено, е либерално во претерана форма. Уште поедноставно кажано, модерните принципи и модерните сфаќања за слобода ја тотално ја промашиле поентата.

Како што сите општества кои биле конструирани по волјата на поединец, или поединци (елита), така и модерното, слободно доба започнува да наликува на изборот и сфаќањата за слобода на поединци, или некоја елита која ефективно и глатко се актуелизира на толпата, но сега, со позитивни вибрации. Наспроти слободата (модерните сфаќања за слобода и сите слободоумни идеи), во обратен смер се јавуваат поединци кои со негативна оценка гледаат на сите „слободни вредности“ на динамичното либерално општество. Ако поранешните општества ги маркирале таквите поединци како дисиденти и политички некоректни, само заради тоа што тие „дисиденти“ и „политички некоректни“ поединци имале поинакви гледишта за некоја вистинска одмерена слобода, тогаш модерното општество во доста брутален и директен начин ги обележува тие кои не се во полна мера либерални и со “слободен ум“. Тука се наоѓа чудната и иронична, меѓутоа за денешното време реална и сепак возможна спојка меѓу либерализмот и фашизмот.

Легендарниот музичар Фил Охс своевремено ја дијагностицирал секоја „болест“ на либералите и либерализмот со еден специфичен пример дека „либералите немаат ништо против црнците, се додека не им се соседи“, алудирајќи на двојните аршини во согледувањето на слободата, правата, и сите аспекти на слободниот ум. Така, денес сосема спротивно на минатото, презир се јавува кон секој поединец кој ќе застане во одбрана на некои морални и здрави вредности. Таму, носителите на слободното размислување со сета сила се обидуваат и успеваат да го наметнат својот „слободен резон“, што ја фаќа таа фашистичка, едноумна перспектива. Во денешното модерно општество, ако не си доволно слободоумен и отворен за се што ќе ти биде сервирано од „слободоумното“ општество, тогаш се наоѓаш во категорија на примитивното, закоравено и застарено размислување. А либерализмот, колку и да е нелогично, ја има целосната поента да го уништи секое мислење кое е поинакво од „бескрајната слобода“, Да поедноставам, либерализмот од денес налага човекот да прифати се’ што ќе му е сервирано. Како прилог за оправдание за „сервираното“, либералните принципи се идентификуваат како „модерни“, алудирајќи дека промените мора да бидат извршени, за да се дистанцираат од сивилото на минатото. Секој што ќе се посомнева во логиката на модерниот либерализам и сите новини на модерните времиња, може да биде етикетиран и обележан како човек со конзервативни, ретроградни и уназадувачки идеи. И тогаш, либерализмот со принципите на фашизмот и „едноумието“ се стреми да ги елиминира сите идеи и размислувања кои не се толку “слободни“.

И за крај може да се стави забелешката која ја поврзува човечката природа со природната околина и сите принципи на природата:

„Ако не конзумираш се’ што ќе ти биде сервирано, тогаш си конзервативна свиња.“. Меѓутоа, вистинскиот перцептивен одговор лежи во прашањето: на кое животно би наликувал човек кој прифаќа (конзумира) се што ќе му биде сервирано?