Несфатените #1

            Немирите во „културната“ Европа станаа секојдневие и секојноќие, а измеѓу нив се испреплетени и грижите на модерниот човек на истата таа „културна“ Европа за правата на несфатените, односно на оние кои долги години биле опресирани од уназадените општества, и кои си ги бараат своите легитимни хомосексуални права. Откако ги добија сите гратис права и крива низ историјата во … токму тие држави од „културна Европа“ и сите „културни“ ентитети каде што се зборува Англискиот јазик, или уште покомпатибилниот и „несфатен“ во случајот, Шпански, побараа други права, трети, четврти, петти. На крај ќе испадне, дека никогаш не добиле ништо, додека се борат за некакви „права“.

Да се вратам на случајот, пред да бидам етикетиран по сите тертипи на либералниот фашизам (во една од минатите прилики пишував за сите ситуации кои ги создава тој „вид на фашизам“).

Франција е една од државите која гарантира хомосексуални заедници. Добро, тоа и во програмата на „вредниот“ Претседател Оланд беше напоменато. Тоа и го добија, after all. Грубо ќе биде ако искажам дека и тоа не ни треба да не чуди, кога ќе ни текне каков народ е Францускиот (нели), меѓутоа таквата одлука не  помина без ништо, односно, на мое големо (позитивно) изненадување, беше остро спротиставена од илјадници – илјадници Французи кои излегоа низ улиците  на првата република и на различни начини (некои преминаа и во насилство) го искажаа своето незадоволство од новите „здобиени права“ на несфатените Французи. Но, сето тоа помина, а оној, културниот свет, ја поздрави одлуката на Франција да поклони еден тон права на несфатените. Така, Франција се приклучи на несфатениот клуб во кој членуваат огромен број на западноевропски либерални земји како: Норвешка, Данска, Белгија, Холандија (нормално, нели?), Исланд, Португалија, Шпанија (нормално), како и некои од државите низ светот како: Уругвај, Канада, ЈАР, Бразил. САД сеуште се резервирани во поглед на либералноста, и само неколку федерални делови на најголемата светска империја имаат доделени несфатени права. Многу останати, како Тексас на пример, тешко дека некогаш ќе се „либерализираат“ до толку.

            Нема да разглобувам која е суштината на борбата за нивните права, оти во таков контекст и погоре кажав. Права во наводници. На крај, останаа нивните заедници и правата да посвојат дете. Нема потреба да подлежат на некој значаен коментар, освен дека и двете не се „скратени“ права, туку се гратис. И тие, како хетеосексуалците, имаат право да основаат заедница, со партнер од спротивен пол. Се друго е гратис. И, крај краева, тие беа оние најгласните, на кои државата ништо не им можеше, кои не веруваа во потпис и хартија, дека нивната „љубов е поголема од тоа мастило“. Но, нивната хипокризија не познава граници I guess.

За посвојувањетоо на деца, штом се работи за деца, поарно да не се зафаќа општеството со таква груба лотарија (како ќе влијае тоа на животот на детето). Но, сето тоа го „добиваат“ и ќе го добијат, оти се работи за најсилно светско лоби. Во тек од три децении успеаа да променат учебници, скрипти и размислувања. А што ќе биде во следните триесет? Какви ли напредни идеи“ ќе всадат во општеството. А како лобираат?

Преку либералите, кои како најзначајни доброволци се јавуваат. Тие се главна точка за ширење на „модерни идеи“. Па ги гледаш несфатените по филмови (токму еден таков филм кој доби некаква си награда ме натера да напишам некоја буква за несфатените),  реклами, билборди, во променетите дефиниции, и во било која аудио- визуелна и печатена форма за менување на “заостанатото“ мнение. Е, тоа е. Тоа се прокламира во друштвото на несфатени, напредни земји.

Во ова друштво, нема исламски земји, ниту (поранешни) социјалистички/комунистички земји. Ова го констатирам само за да поттикнам некое разлислување – во што е проблемот и процесот кога се работи за „правата“ на хомосексуалците. Факт е дека проблемот, или појасно кажано, појавата е се поголем и позначаен општествен процес и проблем, кој ја заокружува скоро секоја можна точка на нашето секојдневие. А, кога сме кај нашето, ми текна и на буквално нашето. Република Македонија и несфатените. Well…

Eм сме поранешна социјалистичка, емсме proto исламска земја. Меѓутоа, во комбинација со население кое се идентификува како „беверлихилско“ и со напредни сфаќања. Ко за компарација, како што Енвер Хоџа беше поголем Сталинист од Сталин и поголем Маоист од Мао, така и најголем дел од нашава изглобализирана младина е полиберална од било кој несфатен либерал кој во моментов пие чај во некоја градина близу патеката на славните во ЕЛЕЈ.

Ај што сме класичен пример за „попара“ во поглед на етничко – религиозно и културно шаренило, ами кога на сето тоа ќе се придодаде и либерализмот, кој со вестернизацијата прерасна во либерален фашизам за кој сум зборувал и претходно, тогаш што добиваме? Равенка со катаљон непознати, веројатно.

            Пред некое време, официјални ставови потекнаа од Владата на РМ дека во поглед на геј заедниците, ќе си остане статус кво ситуацијата. Од скоро сите аспекти, потег за поздрав. И може тоа е единствената работа од која европјаните можат да учат од нас. Меѓутоа, и тука сме маргинални – ако тој проблем кај нас не е толку изразен и е накубичен од либералите кои се грижат за проблемите на несфатените во Западна Европа, тогаш тој проблем (во наводници може да се стави) е многу поголем во тие културни (пак наводници) општества, кои воопшто не се замараат со нас. Што значи, ако од корен се смени ситуацијата „надвор“ тогаш ќе не сменат и нас тука, за да не биде токму тоа поставено како „рачка“ со геополитички размери, нели. А чим почна да се „менува“ ситуцијата во земји како Франција, и веќе е во тек на менување во Обединетото Кралство, тогаш да почекаме да видиме, дали ќе се состави некоја железна завеса, овојпат делејќи ја Европа, не по хегемонија распрскана од социјалисти и капиталисти по Втора светска војна, ами по „либерализам“ и „хомофобизам“ (уште една алатка на либералниот фашизам)“.

            И на крај, како друг почеток – grande Islam!

Што има да „каже“ брзорастечкиот ислам во земјите каде што „рајата е културна“ и несфатена? Некако, се поклопуваат работите – од една старна, Европа се исламизира, а од друга страна, се повеќе станува либерална. Е, тоа, не се меша. Освен во последно време, во времево на демонстрации и револуции во Западна Европа, каде што се спомнуваат и џамии, и хипстери и несфатени и пензионери. All together now.

 

           

Корејското прашање #2 (превентива)

      Во претходниот блог пост, го поставив Корејското прашање како реторичко, веднаш по сечењето на Боливарскиот Гордиев јазол. Од таквата увертира, до сега, ситуацијата на полуостровот ги исполни сите критериуми за да се постави и превентива.

            Работата е толку воопштена, што изгледа дека, барем на овие простори, се знае највеќе за најизолираната и антиревизионистичка земја во светот. Сега, за  релацијата меѓу Пјонгјанг и Сеул се дискутира на високо научно ниво, во главните аналитички реони низ државава: слаткарници, автобуски постојки, паркинзи, … од 7 до 77 години анализираат и зафаќаат страна. Клучните зборови во геополитичките дискусии за Корејското прашање се состојат во тиранијата и угнетениот Корејски народ кој живее северно од 38 паралела. На крајот, најчесто се завршува со „американците се сила, ќе ги збришат…“ Добро, така нека е.
            Има големата иронија во познавањето на најизолираната земја на светот и најмалкуте информации околу Народна Демократска Република Кореја. Оти, главните информации, кои рајата ги зема здраво за готово, доаѓаат од CNN и останати МАС медиумски инстанци, за кои, кога не се зборува за Кореја, всушност сите знаат дека “лажат“. И така, во НДР Кореја бил Орвеловиот кошмар, не во западните земји. Но добро…

            Поентата на овој пост не е зафаќање за социолошката рамка на нашето население, па и на глобалното, бидејќи проблемот со Кореја и неговото “решавање“ не е само на овие простори, меѓутоа има голем ефект во целиот тој проблем и почетокот на војната. Всушност, Корејската војна се води во цел свет, освен на полуостровот.

            Прво, да почнам со една воопштена претстава за двете држави, и поттикот на војната, за која се зборува дека ќе биде и трета. All over again.

            Јужна Кореја е земја која отпадна во капиталистичкиот колач веднаш по Втората светска војна. Била хранета со Маршаловиот (и многу други и слични) план, во континуираната борба против глобалното советско црвенило. Низ годините, Јужна Кореја како главен капиталистички претставник кој се наоѓа на банкината кај НР Кина и СССР + комунистичкиот брат НДР Кореја, се разви доволно, за да ја викаат на чај големите земји од Западот, кои се нарекуваат најразвиени. Да им прави друштво, и онака им е протекторат.

            Слободно речено, Сеул е американски протекторат. Иако Советскиот Сојуз падна од 15ти спрат од големата комунистичка зграда во 1990та година, Американците не ни помислија да ја олабават ситуацијата во Кореја, будно следејќи го секој чекор од северњаците. Всушност, покрај тоа што комунизмот умре без изгледи да се инкарнира повторно во догледно време, Корејскиот полуостров сеуште во плановите на Вашингтон остана како hot spot што, кога и да е, мора да се реши.

            Скратено, во Јужна Кореја имаме капитализам, кој е форсиран во секоај смисла од главните генератори на истиот систем. Посебно на воен план. Оти, да не беа америте, Ј. Кореја одамна ќе беше црвена.

            Што се случува на север? Којзнае. Впрочем, нели, сите знаат.

            Подреденост по Јуче принципи, уметност и изолационизам, шлагирани со комунизам.

            Сиромаштија има, но тоа не е продукт на наведеното претходно, туку на надворешен фактор. Не знам како тоа воопшто не успева да влезе во перцепцијата на обичен претставник на Балканска и светска раја, меѓутоа Народна Демократска Република Кореја низ годините е низ безброј ембарга на западниот свет. Односно, на цел свет.

            Замислете ги северњаците како човек во домашен притвор, само на вода, оти одбивал да го сменат каналот на телевизорот. Надополнето со светска пропаганда, ќе испадне дека тој воопшто и немал телевизор. Нејсе.

            Корејците како така крпарат, до вчера беше СССР, сега е НР Кина. Венецуела, истотака, им беше пријател, па падна. И тоа многу влијае на политиката од Пјонгјанг, оти, како што спомнав претходно, Венецуела беше Gordian knot.

            Нивното крпарење и спојување крај со крај, е надополнето со големите трошоци за наоружување и воено напредување. Па така, иако најсиромашна, Северна Кореја влегува во друштвото на најсилни воено – политички држави во светот. Рака под рака со западњаците.

            И за тоа трпат осуди од цел свет. Демек, билдаат воена сила на сиромаштија. Но, и за тоа си постои оправдување. Оти, да не беше нивното воено билдање, одамна низ Пјонгјанг ќе течеше кока – кола…

            На крајот на краиштата, комунистите од север си го бранат своето, против цел свет. Ништо чудно, само нормално.

            Северна Кореја од 2006 година е нуклеарна сила. Тоа значи дека околу Пјонгјанг се наоѓаат неколку нуклеарни парчиња кои можат да го пореметат светот кој го познаваме. Возможно е.

            Бидејќи деновиве се шират разно – разни информации за почеток на војната во Кореја, ама сите тие информации се надополнети со некои иронични и цинично – саркастични коментари кон комунистите. Односно, се создава еден бран на пропаганда за омаловажување на силата на северњаците. Навистина, и тоа е еден од начините да се стави ситуацијата под контрола, т.е. светот да заборави, односно да не знае што се’ е возможно ако продолжи 60 годишната војна на полуостровот.

            Сумирано, покрај големото незнаење на светот за вистината околу корејското прашање, се надодава и двосмислената вистина околу војната. „ќе почне, ама не ги бива тие од север; нема да почне, не ги бива тие од север“. Просто, да не знае човек што да мисли.

            Општо, едноставно е. Војната сеуште трае, од 1950та навака. Е сега, дали ќе продолжи активно и дали ќе има реплика од почетокот на војната, па дали тоа ќе се прошири и во вселената, ќе видиме, допрва. Сега, за сега, постои превентива. Оти, како што напоменав, војната во Кореја се води во сите светски слаткарници, а не на полуостровот. Па затоа, во слаткарниците треба да се спречи, не во Пјонгјанг и Сеул.

            За крај, јас не би ја омаловажил НДР Кореја на тој план. Јас дури сметам дека треба да се има претпазливост, посебно од страна на ревизионистите и капиталистите. Оти, ќе повторам, ако Венецуела беше Гордиевиот јазол, и ако полека но сигурно се збришуваат земјите кои немаат капиталистички нагласок во нивниот дом, тогаш тие што останаа, како НДР Кореја на пример, ќе почувствуваат криза и очај, а во очајни времиња се бараат очајни мерки.

            Иако „дебелкото со лоша фризура“ ви изгледа како да се шегува кога повикува на војна, сепак треба да се потсети дека, доколку тој почувствува дека „амери долазе“, и ќе „виси обесен на плоштад“, нема да се колеба да ја употреби својата нуклеарна моќ.

            Па ако треба, нуклеарките да паднат и во самата НДР Кореја. За светот и за неговата фрагилност, сеедно е, нели?

Корејското прашање, day after Venezuela (увертира)

 

На почетокот беше зборот.

 

И Господ го создаде светот за шест дена. А на седмиот, ја повлече границата по 38 напоредник и ја подели Кореја на Јужна и Северна.

 

Многумина ме прашуваат за моето ценето мислење за ситуацијата на Корејскиот Полуостров. Најчесто, пред да дознаат дека се поставувам како апологет спрема комунизмот од Пјонг Јанг. Понатаму, дискусијата оди во градација. Веројатно, голем дел од светот е загрижен за ситуацијата на далечниот исток. Би рекол, светската јавност е далеку позагрижена за нуклеарните постројки од Пјонг Јанг и американските сили во Сеул, многу повеќе од самите комунистичко – капиталистички поделени Корејци.

Прво, штета за таква историја да зјае поделена поради општествени системи и надворешни влијанија (од кое, едното го нема, откако падна Берлинскиот ѕид). Второ, како што споменав во една претходна прилика, Северна Кореја, односно една од двете земји кои ја имаат главната улога во вечната војна, се наоѓа во првите редови кои ќе бидат зафатени со домино ефектот на паѓање, откако падна командантот Чавез.

„Дали ќе има војна?“ – е класичното, но далеку од реторичко прашање деновиве. Па, како увертира  на периодот кој заслужува силен мониторинг и суштинска анализа, треба да се напомене дека војната меѓу двете Кореи сеуште трае. Почна во 1950 година, и сеуште не е завршена. Иако постојат „мал милион“ договори и примирја, иако Корејците од северот прогласија „победа“ пшосле три години војување, иако Америте се далеку од директно влијание над 38 напоредник, за разлика од нивното дебело стационирање под истиот. Така, главниот одговор е дека има војна.

Вистинското прашање би било „дали ќе има нов конфликт“. Конфликт од долгометражниот серијал, кој може да се нарече „Night of the living Koreans“.

И за тоа е тешко да се даде одговор наеднаш. И тој треба да почека на една анализа. И синтеза.

Но, што е најбитно во целиот тој случај?

Тоа што ситуацијата на полуостровот, каде што може да избие нов конфликт, од една страна ја засенува вистинската, а од друга страна, само ќе ја надополни вистинската, глобална војна.

Онаа војна, која долго време се води. И зема жртви, многу повеќе од разни Сталинизми, Кмеризми и културни револуции.

Големата војна кој да работи за пониски плати.

На глобално ниво.

 

North Korea : South Korea 1:0 (стрелец Ил Сунг, 53 минута од пенал, по исклучувањето на Ајзенхауер, поради професионален фаул над натурализираниот Кореец, Сталин)

Боливарскиот „Гордиев јазол“

Неколку дена по елиминацијата на Венецуелскиот Претседател и лидер, Хуго Чавез, се преповторува прашањето кое беше актуелно и прецизно уште во времето на неговото владеење: до кога ќе издржи Венецуела?

            Колку што има барели нафта во Венецуела, толку и одговори постојат. А и двете не се трошат, иако ќе се издвојат, во зависност од околностите.

            Според мене, геополитичката стратификација на светот беше таква, што Боливарската Република претставува Гордиевиот јазол. Легендарниот нерешлив јазол кој Александар III Македонски го „решил“ со тоа што го исекол. А според легендата, тој што ќе го „решел“ (одврзел), ќе станел крал на Азија. Убаво му дотекнало на Аце наш. Во модерново време, не е далеку од вистината да се каже дека, тој што ќе ја „одврзе“ демократијата во Венецуела, ќе постане крал на светот. Не дека нема еден крал со педесет ѕвездички и риги, ама пак постојат некои “неранимајковци“ ко Венецуела што мрсеа некои сметки.

            Венецуела беше геостратешки важна. На врвот на Латинска Америка, зафаќајќи територија од 916.000 километри квадрати, каде што живеат безмалку 30 милиони жители, претставуваше еден убав геополитички ареал кој се издвојува од англо – американското хегемонистичко сивило. ОК, сето тоа би било во ред за Вујко Сем, ако Венецуелците немаа нафта. А имаат. Според некои извори, двојно повеќе од најбогатата со нафта Саудиска Арабија.

            Кога се зборува за нафтата, убаво е да се напомене дека никој никогаш (од обичната раја) не може да потврди кој колку има залихи на нафта. Бидејќи на секои 25 години се тврди дека истата „ќе ја снема за 30 години“, истото носи пари. Што повеќе има „параноично малку нафта“ толку поскапа е. А Венецуелците велеа дека имаат. Многу. Ете ти проблем.

            Ај што имаат нафта (многу нафта), плус имаа политика на која може да им замерат многумина. А тие многумина се навистина многумина. Капиталисти. Од лошиот вид. Е сега, Боливарската Република како таква, под водство на почитуваниот командант Чавез, се постави како природно блиска земја на сите „неврзани“ и сите „комунисти“ и сите „анти – американци“. Венецуела си го има(ше) со земји ко Куба, Боливија, Еквадор, Северна Кореја, Иран, Лаос, Либија, Русија, НР Кина и тн. Со сите имаше воспоставено начини и принципи за потпомагање. Најактивни врски, нормално, со Куба. Куба даваше интелект, Венецуела даваше нафта. За симболична цена. И така натака. Со секој „свој“ по свое.

            Well, тоа некако, не се поклопуваше со модерните глобални трендови, нели?

Значи, покрај тоа што претставува геостратешки значајна земја, Венецуела има добри природни и човечки ресурси, и имаше лидерство кое пркосеше на цел надреден свет, па и уште создаваше некое неформално анти – американско друштво?

            Сето тоа ќе се распадне ко кула од карти за брзо време. Нема веќе нафта за „ситно“ за Кастро. Прашање е на време кога Куба прва ќе попушти. Венецуела веројатно со ресурси ја потпомагаше и Северна Кореја. Ништо чудно што баш деновиве Севернокорејците покажуваат заби ко некоја мачка фатена в теснец. И тн.

            Но, во каква форма ќе биде инсталирана демократијата во Каракас? Дали во тони томахавки или со избори? И што околу тоа?

            Па, бидејќи Чавез веќе го нема, останува слободна нафтата (која ја има многу). Нејзиното капиталистичко каптирање би ја нарапвило достапна за целиот свет. Нели, Венецуела прво даваше на некој ко Куба, па тек после на „капиталистите“. Со тоа, создававајќи состојба на „помалку нафта“ која значи поголема цена. Евентуалното директно каптирање на милијардите барели од „западњаците“ би ја урнало цената на нафтата. Значи, најбитно е да се чека и да се гради некоја регионална хегемонија која би ја вклучило и Колумбија.

            Колумбија, драгиот и убав демократски сосед на Венецуела, одамна е во Американската хегемонија и мета за воени американски инвестиции. Да, земјата која е во топ 5 извозници на криминал и дрога, наеднаш беше многу подемократски избор на листата за такви земји, од Венецуела на пример. Покрај милијардите кои американците секоја година ги вложуваат во градба на воена инфраструктура во Богота и околината, Колумбија и Венецуела многупати беа доведени во ситуација на војна, најчесто на измислена причина, се во целта на надворешните фактори. Сега, мисијата е завршена, Чавез го нема, Колумбија нема воена ефективност. Може на поинаков начин, како соседски притисок (Македонците знаат најдобро).

            Од друга страна, пак, возможно е и екплозивно „каптирање“ на нафтените ресурси во појасот на Оринико, слично ко во Триполи и Мисрата, а во меѓувреме да се случи поголем геополитички рез. Само пример, возможна е дефинитивна агресија на “некои земји од блискиот и средниот Исток“, што би создало да „снема“ нафта, кое би направило истата да биде скапа, а баш во тоа време, најголем извозник би била Венецуела. Знаете, да се исцрпи додека е скапо, нели.

            Еден од моите омилени принципи на „агресија“ од западњаците.

            Венецуела може да биде веднаш променета во гледиштата, а може и да почека подолго време. Може и да се случуваат некои анархо – либерални и капиталистички револуции, кои би направиле геополитича нестабилност во северниот регион на Латинска Америка, создавајќи… скапа нафта! И многу, многу, многу други сценарија. На крајот на краиштата, има многу опции.

            Но, едно е јасно. Она што Венецуела претставуваше – некакво упориште и фигура на лидер и икона за земји како Куба и Северна Кореја, веќе нема да биде. Ниту тие земји (како Куба) веќе нема да бидат исти. Целиот тој социо – комунистички ланец на потпомагање е прекинат, исто ко Гордиевиот јазол пред 2 300 години. Само останува да почекаме, да видиме дали ќе се оствари “легендата“ дека, кој ќе го „пресече Венецуелскиот јазол, ќе постане крал на Универзумот“.

First and last and always Chávez!

По подолго време изнајдов време и некоја мотивација да напишам два – три зборови за некоја конкретна тематика. Мотивацијата за текст придоаѓа од настаните, со што, ако нема нешто интересно, нема и нешто конретно за коментирање. Освен од социјален аспект. Меѓутоа, да не застранам од темата, ова нека биде нешто како најавен кам-бек, оти некако ме снема. Читаноста, која се мереше во „нано-посети“ почна да се мери во светлосни something. Да се надеваме на поголема ажурираност во иднина.

            Кога се зборуваше за Венецуела, одма мислата прелетуваше преку барата и се бараше некоја шпанска референца, бидејќи и оттаму доаѓаа „шпанските сапуници“ со Касандра. Дури и таму, успеаа да ни ја претстават државата како да не е од овој свет. Сиромаштија, беда, неписменост, низок степен на цивилизација.

            Сакам да кажам дека, им беа лепени секакви етикети и симболи, секакви пропагандни виори ги удираа, за да ја затскријат малку поинаквата (онаа другата) вистина околу случувањата во Боливарската Република. Да, Боливарска Република. По големиот Симон Боливар, „јунионистот“ латиноамерикански.

            Што е карактеристично за Боливарската Република?

            Нафта. Од аспект на глобализаторите, кои по весници може да ги сретнете и под псевдонимот „демократи“, тоа е битно. А и дека се граничи со Колумбија. И толку.

            И всушност, не е ни воопшто важно „што има и што нема“. Најбитното е тоа што нема(ше) ни трага од оној капитализам, преубавиот и префинетиот економско – политички систем кој од 90тите ги зафати и nase krajeve. Некако, од поодамна, глобализацијата која започнува од антициклонското влијание на ураганот Мекдоналдс, и завршува во циклонското кокаколаризирање, малку – по малку ја одбегнува Венецуела. А не дека е за одбегнување. Баш напротив.

            Веќе има 23 години каде што светот е еднополарен. Владее еден и единствен. Една сила, една моќ. Две оски: eдната е владејачката (единствената, префинетата, капиталистичката, демократската, возвишената, …), а другата е оставена од земји кои… ги одбегнува глобализацијата а ги соединува желбата за промена на таа „поларизираност“.

            Во таков свет, секаква појава која прави барем мала разлика, нуди надеж и доза оптимизам. За нешто подобро, поарно, за понатаму. Иако, не постои конкретен одговор за желбата за таквото „подобро, поарно, за понатаму“. Едноставно, „проклетата можност за избор – мора да постои!“ (Штулиќ Џони, 1981 г.)

            За такви појави, како Боливарската Република, која значеше светлина во 23 годишниот мрак, постојат поединци кои го понеле бремето на промената. Онака, индивидуална промена за глобално менување.

            Историјата, онаа поновата ги памети многу такви. Ернесто Че е еден од нив, како класичен пример за момци кои „живот значат“. А и комплементарен е во целава приказна. Од комшилукот. Од братскиот регион

            Денешницата го памети големиот командант и лидер Чавез. Кој издржа се и сешто. Опресии, репресии, пропаганди, глупости во избори, напади, клевети и лаги, притисоци.

Човекот кој успеа да каже „не“ на „Големиот брат“. Оној, кој успеа да се носи со големото светско сивило. Оној, кој со својата харизма и даваше голема важност и вредност на секоја геополитичка суштина која потекнува од Каракас, а го пресекува и Вашингтон.
Ретки се таквите луѓе. Историски гледано, камо ли на дешеницата.

            Командантот Хуго Чавез го напушти овој свет вчера. Со тоа, геополитичкиот мозаик се поедностави и оди кон својот завршеток day by day.

            Командантот ја остави Венецуела во иднина да ја пречека „американската демократија“. Можеби преточена во илјадници тони томахавки. Или во демократски избори, каде што главни набљудувачи ќе бидат објективни фаци со назнака CIA и слично. Сеедно. А ним, тоа им беше поентата.

 

Да, команданте, да беше животната средина банка – сигурно ќе ја спасеа!

HASTA SIEMPRE COMANDANTE CHAVEZ!

 

Пат околу Иран за 80 Фолкландски острови

Во принцип, јануари не е геополитички активен месец, или воопшто, зимата некако не е добар временски период за испрашување на црвените бои на географските атласи. Иако во модерното геополитичко конструирање на светот, границите имаат помала вредност, отколку влијанието внатре во нив, од страна. Веројатно, тоа е само доказ за геополитичкото его на неколкуте светски фактори.

            И додека трае досадниот јануари, постојат само неколку теми за разговор и неофицијална критика. Барем од наша перспектива. Измеѓу празничните честитки и невидениот конзумеризам, се впротнуваат (скоро сублиминални) пораки за ембарго на(д) Иран, или некаква форма на носталгичност во релација Аргентина  – Фолкландски острови – Велика Британија. Останатото, е само рутина. Не мора да се спомнува западниот брег, ниту дефакто состојбата на пола „држави“ во светот, ниту пак милионите луѓе кои низ пределите на поранешната белгиска колонија деноноќно работат за леб ( и евентуално чиста вода) за да обезбедат доволно ресурси за цивилизациските придобивки кои овозможуваат блекбери анархизам (за тоа, нешто подоцна). Најважни се аспектите на неоколонијалните агенси: Британија да си го задржи своето, а Американците да си го надополнат нивното. Геополитички déjà vu. All over again.

            Ситуацијата веројатно не е доволно зрела за некој гранитен коментар, преку некаква анализа. Нешто повеќе оди кон шпекулација, за да се задржи вниманието надвор од работите кои “не заслужуваат внимание, ниту пак одговор“ спомнати претходно. А бидејќи широката маса мора да биде нахранета со информации што се случува над Техеран, доволно е да се спомене медиумскиот мрак.

            Имам забележано дека тоа најмногу ги пецка луѓето. Дали во некоја земја имало медиумска слобода (веројатно мерило за демократија). Ако има, тогаш move on. Ако нема, тогаш секоја акција која сноси томахавк – последици, односно демократија преточена во воздух – земја проектили, се далеку од оправдани. Онака, лежено и без преседан. Имаш групација на граѓани од старосна категорија 18 – 99 која низ чаша пиво/вино/ракија/чај/уште ракија ке го прокоментира настанот како „па кој им беше крив, што имаат диктатура“ или „абе јаки се, кој им може“. Веројатно и тоа е некакво релевантно мерило за социјална/економска/геополитичка правда. Но, ако одиме според начелата на либералите „ги оправдувам ако се далеку од мене“, тогаш се е во ред. Не мора емипирска „поддршка“ на анализите. Доволно е чашката.

Зборувајќи за Иран и за персиската демократија, очекувајќи скора (тоа скоро може да биде и во децениско мерило изразено) интервенција by any means од западните демократи. Всушност, тоа постојано се случува. Ете, како што известуваат медиумите all over the world, Иран се соочува со нови санкции кои требало да му ја уништат економијата, а тоа требало да предизвика внатрешни (р)еволуции. И тоа требало да ја промени тИРАНиската структура на Иран.

Па дури и тоа наоѓа одобрување кај просечен „аналитичар“. Да ги земам пример нашите два милиони аналитичари, односно ако се земем мнението на Македонците, се добива заклучок дека Американците згрешиле што воопшто не интервенирале во Иран, и дека „што порано, тоа поарно“ би било.

 Тие, просечните Македонци (каков и да е тој „просек“) треба да знаат како изгледа која некој ти става санкции за да издејствува некаква промена внатре. Но, што би рекле Lynyrd Skynyrd: How soon we forget.

            Такво е и генералното мнение, но најинтересно е домицилното, бидејќи од многу аспекти и прилики, ние, барем ние би трело да сме свесни како изгледа структурата на светот воопшто, и подобро да ги разбираме работите. Но, некако не е така. Додека во Р. Македонија се очекува „стрелба“ кон Техеран, што би овозможила филмска атмосфера. Иако коментаров замина кон социолошко испитување на „домашното опкружување“, сепак е вредно да се стори таква релација. Бидејќи, реално гледано, денес Иран „страда“ најмногу од медиумската поткрепа на надворешните сили. Кои, веројатно не се доволно силни да пристапат кон употреба на нивната „сила“ наеднаш. Можеби е тоа заради тоа што Иран не е Ирак? Или, нешто друго е во прашање?

            И уште една интересна тема. Фолкландските острови! Дали Аргентина е во право за тоа што ги бара „назад“, или Британците смеат да си ги чуваат како колонијален посед? Отвора голема дилема. Доколку не се знае историјата. Барем онаа, колонијалната. Ако се знае, секој прашалник е тргнат. Фолкландските острови можеби не треба да и бидат „доделени“ на Аргентина, но сигурно не се вечен посед на „оние што примија гол со рака од Аргентинецот Марадона на светското првенство во фудбал пред две и нешто децении“ (геополитичко – фудбалска правда in force).

            Ако и тука медиумите пристапат кон моделирањето на „кој е во право“, тогаш Фолкланд може да биде доделен и на Зимбабве, тоа не е спорно. Спорно е зошто Британците, и после сите деколонијални процеси, се распослани на „мал милион“ позиции ширум планетата. Политичката поговорка дека „Сонцето не заоѓа над британската империја“ е сеуште во полна сила. Иако, доста иронично, кога се зборува за Сонце, некако Британците (Англичаните, Шкотите, Велшаните и сите останати, вклучувајќи ги и Ирците, кои наеднаш биле северни), малку се запознаени со оваа астрономска појава. За разлика од дождот, for example.

Шегата настрана, мислам дека прашањето отколку Фолкландските острови треба да биде решено што поскоро. Иако, веројатно, нема. Аргентина во споредба со Британија (а со тоа и цел „демократски“ свет) е како да го споредиш ФК Миравци со FC Barcelona. Некако, одмерот не е доволно одмерен! А додека интересот за тие острови стои, и дури и се зголемува (геостратешка позиција take it’s tall, Јужна Америка се формулира како силно геополитичко тело), тешко дека Порт Стенли ќе биде променет во Буенос Дијас, на пример.

            Нашите, по ова прашање се доста резервирани, иако не одбегнуваат да напоменат дека „кај што има сила, нема правдина“. Со тоа, креирајќи невидена контрадикторност во ставовите. А, контрадикторноста, сама по себе, може да биде носител на нашето, како и на светското, демократско општество. Кое, полека, со глобализацијата, е наше и ваше!

            That’s all folks. Нека помине зимата, па веројатно ќе имаме некаква верзија на нова „пролет“, која ќе биде вредна за коментар. А овој, каков и да е, најважно е дека ги спојува главните геополитички одмери на денешницата (2013 г.) од аспект на Македонија. Па, нели, редно беше да се додели некаква политичка моќ на Македонија и Македонците. Ако не за наши прашања, тогаш за Иран. Или Фолкланд. И се останато.

Грција ќе не’ признае ко река

Во кус период во кој се честитаа Земјините револуции, и се издаваа желби за поскоро организирање на банкет за оние кои промашиле да бидат дел од дисциплинската инјекција наречена „воен рок“, надополнети со христијанско – скопските шеми (единствени во вселената), каде што се прославува Христовото раѓање Божик неколку дена пред да се одбележи истото, со палење на огнови и пронаоѓање паричка (анти – симболи на рисјанството, но ајде), изникна информација дека wannabe кумот на нашата домовина Македонија ќе наминел пак на еден ручек или вечера, и веројатно, без самиот да го знае конкретното, ќе даде уште еден предлог за формулација на името на нашата држава.

Кумот Нимиц, толку многу пати дошол тука и бил пречекан на разни варијатни на црвен тепих, што слободно можат да го направат почесен граѓанин на Македонија. Веројатно, единствена пречка за тоа е повторно името. Се верува дека Нимиц нема да прифати да биде граѓанин на држава која се „бори“ за своето име. А тоа би го оправдал како nonsense. Но, само од таа перспектива.

Шегата настрана, ама веќе оди во ненормални граници сето тоа околу името, промената на името, грчките притисоци, македонските одбранбени механизми и се останато. Едноставно, тој процес стана секојдневие и рутина. Нормално, само за обичниот Македонец. Друг, тешко дека до толку се фрустрира со проблемот (наметнатиот проблем) со името на државата. Токму поради тоа, решението за името лежи само во тој што се „замара“ со истото. Тоа е единствениот доказ дека проблемот во голема мера „натежнал“ кон нас.

Да се смени името, или да не се смени името. Проблемот највеќе лежи во прашањето, кое изгледа дека е погрешно перцепирано.

Прво, кое е името на нашата република? Македонија? Република Македонија? Поранешна Југословенска Република Македонија? Нова, Горна, Либерална, Контра – протестна? Кое е вистинското име на нашата држава кое „не смее да се смени“?

Одговорот лежи во „надлежните“ кои се такви, ама на глобално ниво. Откако Вудро Вилсон убаво си ја натокмил Лигата на Народи за да задржува status quo на меѓународната положба (откако цел свет се испотепал за нов колонијален поредок), па се до ден денес, за секој проблем и процес, постои глобална инстанца, како што се Обединетите Нации, како продолжена, или пак, еволуирана форма на таа „Лига на Народи“. Тие ратификуваат, тие верифицираат, тие примаат, тие одбиваат, тие критикуваат, тие наградуваат, тие влијаат, тие разбиваат.

Тие именуваат.

Како ќе те наречат „тие“, така ќе се викаш.

Тие, нам не викаат FYROM.

Кај нив, така сме „крстени“. Република Македонија е само „прекар“ кој си го користиме ние, самите, како и над 150тина други држави, кои освен САД и неколку други, имаат политичко влијание рамно на влијанието на поранешна Родезија.

Побитно е прашањето: дали на нашата држава и одговара тој status quo во поглед на името?

Нимиц ќе допатува некаде пред/по Водици. Таман, за крштевањето. Предлогот, секако, повторно ќе оди по однапред формулираната шема, која претходно понуди: Нова, Горна, Независна и др. Македонија. И тоа јасно кажува дека проблемот натежнал кон овие 25713 км кв. А Нимиц и неговите предлози се само став на „оние кои треба да не верифицираат во ООН“.

Не на Грција.

Да се прашуваше Грција, ќе не признаеше ко река. (Парафраза на The Most Wanted, 1995).

Кој ќе биде исходот? Македонија ќе прифати промена на име, или ќе стои строго до своето променето име? Веројатно, Нимиц ќе си замине онака како што долош. Со предлогот за името стуткано во левиот џеб. Разбирливо.

И второ, кое го заборавив, или го чував за крај:

Прво од второто: Проблемо за името е само локален, и нема некоја геополитичка вредност за надворешниот фактор, т.е. во врска со интеграциите. Пример, на ЕУ не ја интересира како се вика државата која ја прима во свое јато. Ниту НАТО нешто е загрижен за искористување на млади војници од земја која имала проблем со „своето“ име.

Зошто така? Р. Македонија го доби спорот со Грција, која според тоа нема право да ни го оспори влезот во НАТО, или воопшто, сите интегративни процеси.

Зошто не не’ примија во НАТО лани? Пример, нели…

И второ од второто…

Република Македонија е име кое состои Република во зборот. Ние, не се викаме (прекарот ни е) Македонија. Ние се викаме Република Македонија. Здравје, за многу години, ние ќе бидеме Републикомакедонци. Оти, имаме Република во името наше, кое се спомнувало во Библијата „толку и толку“ пати. А во Библијата се споменува палење огнови пред Бадник и ставање на паричка во леб, пред Божик?

 

Бугарија = ЕУ?!

Преминот од една петокрака со жолта боја на црвена позадина кон 12 жолти на сина позадина одбележан со „две червени“ остави простор за размислување, до каде се наоѓа нашиот единствен источен сосед. Тоа „до каде“ може да подразбира економска, политичка, демографска и секаква ситуираност на државата.  Главните експертски мненија кои ординираат од југоносталгичарски па се до иредентистички профили, полемизирајќи низ слаткарници, берберници, станици па се до високи политички инстанци се темелат на констатациите дека „џабе е Бугарија во ЕУ, стандардот им остана ист, цените се зголемија“. Констатацијата не е проветрена неколку години и веќе станува неподнослива, зарем не?

Полошо е што тоа веќе станува и убедливо резонирање, чиста фактографска констатација, според, чиниш, емпириски анализи изготвена. Прашањето е: дали се случуваат чуда во Бугарија?

Чуда, да, затоа што не изгледа реално земја со толку сиромашно население и понатаму да се „крепи“, откако стандардот на рајата остана(л) ист, а цените (животот, скапотијата) се претворил во европски. Тоа е прашањето, како им успева?

Ако нема одговор на прашњето, добро би било да се преформулира константацијата, проткаена од стотиците илјади економско – геополитички анализатори кои виреат низ Македонскава државичка. Да се преформулира, или да се зибрише. Скроз.

Интеграцијата во Европската Унија, како за Бугарија, така и за сите земји кои се интегрирале, ќе се интегрираат, или веќно ќе чекаат пред „Европскиот рај“ (ова важи за Турција, како и за некои останати, идни муслимански ентитетни, нели), значи европеизирање. Нема да должам многу со објаснувањето на овој, во вакви моменти сепак геопoлитички процес (rather than економски), туку само ќе напоменам дека ЕУ се стреми, и се темели, како индиго форма (копија) на Соединетите Американски Држави. Got that?

Бугарија, која излезе од комунистичката голгота, па продолжи во пост – комунистички сизифизам, секако дека сеуште осцилира кон зацртаниот (и потпомогнат) напредок и европеизацијата. Но, темелите и те како се цврсти.

На мојот trip beneath Musala country пред неколку денови видов, перцепирав и установив дека Европејците од озгора“ фрлаат пари на патна инфраструктура. Додека Бугарите вршат инвазија врз западниот дел на „сичкиот Сојуз“ и се фаќаат на cheap labor force мамецот, Европската Унија, со видна и длабока перспектива создава пат по кој во иднина ќе чекори Европеец.

Веројатно не Бугарин. Туку, Европеец.

Things on the Eastern front are – A changin’. Нешто што мора да се разбере, а знам дека е тешко за сите оние со тој „евроспектицизам“ и изолационистички идеи.

Да му влезе козата на комшијата во ЕУ!